Ниската цена го скисели „шардонето“

Bez autora
Aug 22 2011

По 11 денари за килограм грозје од сортата „шардоне“. Вака почна гроздоберот во Тиквешијата, најлозарскиот регион во Македонија. Лозарите се незадоволни зашто во минатото оваа сорта важеше за високоисплатлива и за неа се добиваа и по 18 денари за килограм. Ако по утрото денот се познава, срамните и смешни цени за килограм „шардоне“ навестуваат жешка гроздоберска есен во која не е исклучено да се повторат ланските протести и блокади. А по почетокот на бербата на грозјето се прогнозира како ќе тече целиот гроздобер - велат лозари за „Дневник“. Зафатени од гроздоберската треска, тие нагласуваат дека се понижени бидејќи грозјето морале да го берат во гајби, а овој дополнителниот труд не им се плаќа. Но родот мора да се продаде, оти грозјето, како што велат, не е жито, па да го стават во амбар и да чекаат повисока цена. Ако не го соберат, ќе скапе...

Ниската цена го скисели „шардонето“По 11 денари за килограм грозје од сортата „шардоне“. Вака почна гроздоберот во Тиквешијата, најлозарскиот регион во Македонија. Лозарите се незадоволни зашто во минатото оваа сорта важеше за високоисплатлива и за неа се добиваа и по 18 денари за килограм.

- Ако по утрото денот се познава, срамните и смешни цени за килограм „шардоне“ навестуваат жешка гроздоберска есен во која не е исклучено да се повторат ланските протести и блокади. А по почетокот на бербата на грозјето се прогнозира како ќе тече целиот гроздобер - велат лозари за „Дневник“.

Зафатени од гроздоберската треска, тие нагласуваат дека се понижени бидејќи грозјето морале да го берат во гајби, а овој дополнителниот труд не им се плаќа. Но родот мора да се продаде, оти грозјето, како што велат, не е жито, па да го стават во амбар и да чекаат повисока цена. Ако не го соберат, ќе скапе. Меѓу оние што сметаат дека лошо им се пишува на производителите на грозје со катастрофалната цена за првиот род е и долгогодишниот лозар Тасо Бошков од кавадаречкото село Сопот, кој има околу 60 декари под лозов насад.

- Ова е доказ дека и годинава може ќе имаме хаотична состојба со цените на грозјето. Лош знак кој го доведува во прашање сиот гроздобер. Ако не се преземе нешто, се плашам дека Тиквешани ќе кренат раце од лозарството. Ова е почеток на крајот на лозаропроизводството во државата. Некои од винарите повторно н` ставаат нас, лозарите, во шах-мат позиција - вели тој.

Дека продолжува агонијата во лозарството, која трае со години, се согласува и Борис Давидов, претседател на Комисијата за лозарство при Советот на Општина Кавадарци и поранешен лидер на лозарите.

- Ова е радикален пад на цените во однос на преклани. За мене, е ова лоша увертира на она што допрва може да се случува во Тиквешко. Се плашам што ќе се случи со некои други сорти, за кои своевремено велеа садете ги, висококвалитетни се, а сега никој, по с` изгледа, нема намера да ги откупи. Состојбата може да биде лоша како лани, но и полоша - нагласува Давидов.

Лозарите сега се крстат во Владата и во Министерството за земјоделство. Најскоро очекуваат нова средба со винарите со посредство на министерот за земјоделство Љупчо Димовски, на која ќе побараат реални цени за килограм грозје. Доколку не ги добијат, повторно се закануваат дека македонското грозје наместо да носи девизи, ќе се истура на асфалтот или ќе се остави да скапува по нивите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik